Судот наложи - Facebook мора да се менува

Белгиски Суд денеска му нареди на Фејсбук во рок од 48 часа да престане со документирање и следење на интернет активностите на неговите корисници во Белгија, закнувајќи се дека во спротивно компанијата сопственик на социјалната мрежа ќе биде казнета со 250.000 евра, јави ДПА.

Одлуката на бриселскиот Граѓански суд уследи откако белгиската Комисија за заштита на приватноста обвини дека компанијата „Фејсбук“ ги следи и документира личните податоци на корисниците без нивна согласност.

Американската компанија исто така е обвинета и дека ги следи активностите на нејзините корисници преку т.н. „колчиња“, кои се прикачуваат на секого што ќе пристапи на вебстраницата на социјална мрежа Фејсбук.    

„Фејсбук“ ги отфрли ваквите обвинување, нагласувајќи дека работи во согласност со европските закони за заштита на попдатоците.

Адвокатите на компанијата нагласуваат дека белгиската Комисија за заштита на приватноста и судот немаат правна надлежност за ваквиот случај, бидејќи седиштето на „Фејсбук“ во Европа се наоѓа во Ирска.

 
 
09.11.2015 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега