Нова Facebook алатка: Раскинувањето ќе биде полесно

Кога врската ќе ви се распадне, не сакате да бидете во никаков контакт со поранешниот. Меѓутоа социјалните мрежи се „виновни“ за тоа што и понатаму го следите секој чекор на поранешниот партнер, иако не сакате.

Facebook одлучи да им го олесни раскинувањето на корисниците. Социјалната мрежа тестира нова функција која ќе ви овозможи да го намалите бројот на постови на поранешниот партнер.

Она што е добро е можноста да го направите тоа без да го избришете или блокирате.

Оваа алатка се појавува кога ќе ја промените врската на Facebook.

 
 
20.11.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега