Поштар од Битола трошел пари на пензионери

Контролор во Македонска Пошта во Битола си заработи кривична пријава бидејќи ја искористил службената позиција и трошел пари на пензионери од Битола.

Се работи за 37-годишниот  М.К. од Битола кој во пет наврати своерачно се потпишал и реализирал пензиски чекови на четири лица од Општина Ресен и три лица од Битола, за кои знаел дека не се во Македонија.

На тој начин контролорот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 248.725 денари. 

најчитано сега