Заев потврди: Јас сум кандидат за претседател на СДСМ

Актуелниот потпретседател на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев за телевизијата 24вести потврдува дека ќе влезе во трката за лидер на СДСМ на Конгресот кој  ќе се одржи на 2 јуни. Главен приоритет ќе му биде консолидација на партијата.

За останатите претенденти за фотељата на Црвенковски Заев вели дека би биле одлични водачи доколку делегатите на Конгресот се одлучат за нив.

Потврдува и дека со статутарни измени ќе се воведе функцијата потпретседател за која во игра заедно со него ќе влезе радмила Шеќеринска.

најчитано сега