Тепањето се уште актуелен метод за воспитување на децата

Физичкото казнување како метод за воспитување на децата се уште се применува во Македонија бидејќи поголемиот дел од родителите веруваат дека децата треба и да се казнат за да се воспитаат правилно, истакна денеска министерот Спиро Ристовски.

На национално ниво, кај 52 проценти од децата е применувано физичкото казнување како мерка за воспитување. Каков било насилен метод на дисциплинирање е применет кај 73 проценти од децата на возраст од 5 до 9 години, 69 проценти кај децата на возраст од 2 до 4 години и 66 проценти кај децата од 10 до 14 години.

- Релативно мал дел од родителите веруваат дека за да се одгледа едно дете соодветно треба да се применува физичка казна, а повисок е процентот на родители кои веќе ја користат физичката казна за да ги воспитаат своите деца. Ваквите бројки покажуваат дека родителите немаат едукатно знаење и вештини како да употребат позитивно и ненасилно однесување кон децата, оцени претставникот на УНИЦЕФ, Шелдон Јет на денешното официјално презентирање на податоците од истражувањето.

Напредок има и во делот на запишување на децата во матичната книга на родените каде има зголемување на процентот на 99,7 проценти во однос на 94-те проценти во 2005 година.

- Ако пред пет години околу 60 проценти од учениците Роми имале интерес да се запишуваат во училиште, оваа бројка во последните две-три години е зголемена за  над 25 отсто, односно изнесува над 85 проценти. Радува и фактот што постојано расте и бројот на ученици во основните училишта, односно напорите кои ги вложува Владата и Министерството за намалување на бројот на граѓаните кои немаат доволна писменост дава резултати, истакна министерот за образование и наука Панче Кралев.   

ФОТО:Дневник

најчитано сега