Адеми: Намалени кражбите по измените на Законот за управување со отпад

Кражбите на предмети од железо, бакар и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг се намалени, оцени министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

- Со новиот правилник дадени се 18 дозволи за трговија и 63 за вршење дејност, односно се прилагодени отпади со новите правила. Секојдневно имаме барања за усогласување со новите правила и за месец-два сите складови ќе достават барања за усогласување, а ние ќе вршиме надзори да ги потсетиме дека времето тече и оти треба да се усогласат, рече Адеми.

Владо Момироски од Асоцијација за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија ефектот од измените во делот за намалување на кражбите го оцени како позитивен. Информира дека ќе понуди предлог за воведување персонлен данок при откупот на секундарни суровини од физички лица и укинување на ДДВ-то.

- Со тоа сметаме дека трајно би се регулирале односите од овој дел на бизнисот и оти големиот криминал што се прави со затајување на ДДВ би се искоренил. За секоја минимална сума на пример од 100 денари мора да вршиме исплата на трансакциска сметка, а провизијата е 35 денари, рече Момироски.

ФОТО:Влада

најчитано сега