Ако имате телефон од оваа марка од 31 август нема да може да користите Facebook

Од 31 август, социјалната мрежа Facebook ќе престане да обезбедува поддршка за апликацијата за уредите на производителот на мобилни телефони Блекбери.
Информацијата ја потврди и производителот кој им порача на клиентите да ја користат веб верзијата, како единствена алтернатива.


Дадовме се од себе, заедно со Facebook да ги промениме работите, но овој пат, се чини дека одлуката е конечна. И покрај лошите вести, напорно работиме на нашите корисници да им овозможиме најдобро корисничко искуство и бараме алтернативно решение.

На почетокот на месецот и апликацијата WhatsApp кој е сопственост на Facebook исто така најави дека корисниците на Блекбери нема да можат да ја користат освен ако не го поседуваат андроид моделот Priv.

 
 
19.08.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега