„NISSAN“ револуција: Нов бензински мотор што може да значи крај за дизелите

Јапонскиот производител на автомобили „Nissan Motor Co“ разви нов тип на бензински мотор за кој тврдат дека наскоро дизел моторите ќе бидат вишок.

Новиот мотор користи технологија на варијабилна компресија, нешто што се сметаше за „светиот грал“ во дизајнот на мотори. Оваа технологија треба да им овозможи на клиповите да го менуваат крајниот од во цилиндрите и тоа динамички. Значи доколку имаме потреба од спортски перформанси моторот ќе влезе во режим на компресион сооднос 8:1 а доколку сакаме економија тогаш ќе се префли во режим на компресион сооднос 14:1

Како што можете да забележите на сликата подоле целата технологија се базира на еден зглобен преносен механизам кој кога ќе го промени аголот предизвикува промена во компресиониот однос.

„Оваа технологија му дава на новиот мотор перформанси на бензинец со турбо полнач, но и сила и економија на денешните дизел и хибридни мотори. Тоа е ниво на перформанси и ефикасност кои бензинците со години безуспешно се обидуваа да го достигнат“, се вели во соопштението.

Според Нисан овие мотори не се производствен проблем и ќе бидат поевтини од денешните дизел-турбо мотори.

Нисан својата нова технологија ја исфрла во прв план во вистински момент, што очигледно не е случајно, откако големиот скандал Дизелгејт на Фолксваген им нанесе огромна штета на дизел моторите.

Новиот мотор познат уште како VC-T ќе биде за прв пат промовиран за месец дена на Парискиот автомобилски саем а се очекува да го видиме догодина вграден во новиот „Nissan Infiniti“.

- Дизел моторите се жешка тема во целиот свет. Верувам дека нашиот нов мотор ќе биде ултимативниот бензинец и нешто што со време ќе ги замени дизел моторите од денешнината, изјави шефот на тимот за развој на  марката „Nissan Infiniti“, Киничи Танума.

Извор: Енаука

 
 
20.08.2016 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега