Направете погача за празникот Голема Богородица

Направете вкусна празнична погача за големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Празникот нека донесе здравје, мир и љубов во вашето семејство.

Потребни ви се:

650 гр брашно, 20 гр квасец, 125 мл млеко и топла вода, 70 гр путер, 50 мл јогурт, 1 јајце, 2 лажици сол, 2 лажици шеќер, 50 мл масло, јајце за премачкување.

Подготовка:

  1. Квасецот се става во мешавината со топла вода и млеко, па ќе ставите брашно, сол и шеќер, и јајцата. Додадете го и јогуртот и маслото и замесете тесто.
  2. Тестото се остава десетина минути, па се дели на 4 дела. Секој дел се расукува во кора, па потоа секоја кора се премачкува со растопен маргарин.
  3. Корите се редат на плех со хартија за печење, па погачата се сече на 8 дела.
  4. Секоја осмина се прави како плетенка, па се премачкува погачата со јајце и масло.
  5. Се пече 30 минути на 200 степени.
  6. СОВЕТ: Послужете со јогурт и сирење.

Готви.мк

 
 
28.08.2016 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега