Опасен вирус се шири на Facebook - еве како да се спасите ако веќе сте се заразиле

Можеби забележавте дека во последните неколку дена, се повеќе Ваши пријатели закачуваат постови со наводни видеа со Вашата слика на вашиот профил на Facebook. Станува збор за вирус т.н. „крадец на идентитетот“ па може да се случи, доколку кликнете, да бидете редиректирани на страна која е идентична на Facebook каде од вас ќе се побара да се логирате повторно. На тој начин ќе ви го „пробијат“ пасвордот и ќе останете без Вашиот акаунт, или Вашите податоци можеби ќе бидат злоупотребени.

Интересно е што секој од Вас што ќе го кликне линкот, потоа се „инфицира“ со вирусот и истиот линк, автоматски им го споделува на своите пријатели закачувајќи го на нивниот профил.

Доколку сепак не можевте да и оддолеете на љубопитноста, и кликнавте на линкот, па сега го споделувате тагирајќи ги вашите пријатели, еве што треба да направите.

Доколку користите Chrome  кликнете ctrl+shift+delete и ќе ви се појави прозорче за бришење на историјата.

За корисниците на Mozilla командата е иста, ctrl+shift+delete, а прозорчето изгледа вака


На крај, селектирајте најгоре на прозорчето „the beginning of time“ за корисниците на Chrome и „everything“  за оние кои сурфаат преку Mozilla.

На крај исчистете и готово.  И друг пат, не кликајте се што ќе ви дојде пред маус.

Ако пак имате проблем со пријателите кои ви праќаат голем број видеа, најдобро ќе биде да наместите опција за да го прегледувате секој пост кој некој ќе сака да го закачи на вашиот ѕид. 

 
 
12.09.2016 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега