Имате проблеми со Фејсбук? Еве што се случува

Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук деновиве се соочуваат со проблеми во пристапувањето. Страните тешко се отвораат, а тешко оди и прикачувањето на нови содржини. Проблем има и опцијата за пребарување, а утрово, некои корисници воопшто не можеа да и пристапат на „Месинџер“ опцијата.

Од Фејсбук официјално се уште нема никакви информации. Голем број корисници пријавија дека денеска околу 18 часот по македонско време воопшто не можеле да пристапат на социјалната мрежа.

Фејсбук вчера ја претстави новата платформа Messenger Lite, која претставува „полесна“ верзија на актуелната апликација за четување.

Од денеска во употреба е и апликацијата Marketplace која функционира како онлајн огласник на кој корисниците на Фејсбук ќе можат да купуваат и продаваат најразлични работи.

Дали зачестеното инсталирање на нови опции придонесе за намалување на функционалноста, се уште не се знае.

 
 
04.10.2016 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега