Шест професии за кои драстично ќе порасне побарувачката

Порталот Кариер Каст направи листа од професии во ИТ индустријата за кои идната година ќе има голема побарувачка.

Спровеле истражување на основа на висина на платата во 2016. година и важноста на одредени професии во ИТ компаниите, но и растот на побарувачката за тие професии во текот на оваа година. На крајот направиле листа од шест професии во ИТ индустријата за кои се очекува побарувачката идната година да биде најголема, пишува Бизнис Инсајдер.

6. Системски и мрежен администратор - во просек годишно заработуваат околу 78.000 долари, а според проценките на Кариер Каст побарувачката за оваа професија идната година ќе порасне за 8 %.

5. Аналитичар на податоци - годишно во просек заработуваат околу 128.000 долари, а се проценува дека побарувачката за оваа професија до 2024 година ќе порасне за дури 16 %.

4. Софтверски инженер - годишно просечно заработуваат околу 100.000 долари, а побарувачката за нив расте и до 17 %.

3. Аналитичар на информациска безбедност - годишно заработуваат околу 90.000 долари, а се очекува побарувачката за нив до 2024 година да порасне за 18 %.

2. Проектанти на информатички системи (системски аналитичари) - во просек годишно заработуваат околу 85.000 долари, а според проекциите побарувачката за нив во идните години ќе расте до 21 %.

1. Програмери - најбараната ИТ професија. Оваа година просечно заработувале околу 65.000 долари. Се очекува побарувачката за нив да расте и до 27 проценти, пишува Бизнис Инсајдер.

 
 
17.10.2016 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега