Денес се промени Фејсбук: Ќе можеме да правиме работи кои ни го олеснуваат животот, но постои еден проблем

Американската друштвена мрежа Фејсбук, по воведувањето на дополнителните алатки на својот сајт, им овозможи на граѓаните на САД преку нејзината страница да порачаат храна, купат карти за кино или да закажат термин на фризер.

Корисниците на Фејсбук, како што е соопштено, сега се во можност директно да се поврзат со компаниите, пренесува Франс прес.

На пример, пицата може да биде порачана само со едноставен клик на иконата „порачај“ (order) на Фејсбук профилот на тој ресторан, додека кај другите услужни компании, како што е фризерски салон, корисникот може да побара закажување термин, кој компанијата потоа ќе го потврди со користење на месинџер.

Фејсбук исто така влезе и во партнерство со сајтот Фанданго, што овозможува купување на билети за кино директно од интернет страната посветена на тој филм.

Фејсбук, со 1,13 милијарди активни корисници дневно, од кои 84,5 проценти надвор од САД и Канада, за сега ги ограничува нановите услуги само на американските корисници.

 

 

 
 
20.10.2016 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега