Данок на кучиња: Дали и кај нас сопствениците на миленичиња ќе плаќаат по 6.000 денари годишно на државата?

Сопствениците на кучиња во Хрватска би можеле од 1. јануари 2017. година да и плаќаат на државата данок од 100 евра. Имено, државата планира од тој датум да донесе Закон за заштита на животните, а токму оваа одредба е составен дел на тој предлог.

Дали иницијативата ќе добие зелено светло и постои ли можност, по Хрватска слична иницијатива да се појави и во Македонија ќе се види во следните денови и месеци.

На друштвените мрежи веќе започна дискусија за неопходноста за заштита на животните на некој друг начин, а не со воведување на данок кој ќе падне на товар на оние кои се грижат за животните.

Јавната расправа за предлог законот е завршена, а министерството за земјоделие сеуште ги избегнува коментарите. Доколку Хрватска се одлучи да го воведе овој данок, тој би можел да зафати околу 350.000 луѓе, колку што има регистрирани сопственици на кучиња.

 

 
 
31.10.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега