Хаос во Зоолошка: Волчица побегнала од кафезот

Од загребската Зоолошка градина утринава побегнал волк, односно волчица.

По кратката потрага, волчицата е фатена и неповредена е вратена во својот кафез, а посетителите можеле да продолжат со разгледувањето на градината.

Репортерката на Јутарњи лист се затекнала во Зоолошката градина за време на бегството на волчицата, но вели дека ситуацијата не била драматична.

- Сите беа многу пристојни, само млку не насочуваа, изјави таа и додаде дека немало никаква паника.

Неслужбено се дознава дека вработените во Зоолошката градина се обидувале да спојат млад пар волци за парење, но нивното додворување не се одвивало според планот, и волчицата успеала да им побегне на чуварите.

По бегството, чуварите набрзо ја успале волчицата со стрела, по што е вратена во кафезот.

Погледнете го видеото:

 

 
 
31.10.2016 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега