Затвор за бабата - монструм: Ги убила и закопала новородените внуци

Војкана Богојевиќ (53) од Трњани осудена е на шест години затвор поради убиство на две бебиња кои ги родила нејзината ментално заостаната ќерка Сања Богојевиќ (26).

Пресудата пред Окружниот суд во Добој е донесена девет месеци по апсењето на Војкана.

Врз основа на спогодба за признавање на вината за претходно дело - обљуба врз немоќно лице на казна затвор од три години е осуден роднината на Сања, Раде Богојевиќ (54), кој е татко на едно од трите бебиња што ги родила.

За истото кривично дело на казна затвор во трање од шест месеци се осудени Жарко Цвијетиќ од Скугриќ кај Модрича, и Вид Јанковиќ од Дуго Поље кај Модрича кои прифатиле само спогодба за признание на вина.

Тие со години имале сексуални односи со ќерката на Војкана која во периодот од 2011 до 2015 година родила три бебеиња, две ги убила Војкана и нивните тела се пронајдени на нива во близина  на куќата на Богојевиќ, а на едното бебе му пресудила самата мајка, но неговото тело не е пронајдено.

Идентитетот на таткото на второто бебе е непознат за јавнпста, но според неофицијалните информации, ДНК наодот покажал сродничка поврзаност не потенцијалниот татко на бебето со мајката, односно со Сања.

Војкана и Раде Богојевиќ, Жарко Цвијетиќ и Вид Јанковиќ се уапсени на 25 јануари, а судењето им почна на 16 јуни, а со одлука на судија од претходна постапка јавноста беше исклучена од овој судски процес.

 
 
31.10.2016 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега