Мафијашка пресметка во Црна Гора: Убиен внукот на најблискиот човек на Аркан

Вечерва во Бар, по завршувањето на кошаркарскиот натпревар од АБА лигата меѓу Морнар и Црвена Ѕвезда се случи свирепо убиство.

Ликвидиран е еден навивач на српската екипа. Иван Лабан по мечот се упатил кон својот автомобил заедно со својата девојка и во тој момент двајца напаѓачи на мотор пукале кон него.

Иван (29) веднаш бил пренесен во болница но набрзо им подлегнал на повредите. Тој е внук на еден од најблиските соработници на тигрите на Аркан, Милован Ѓучиќ. Милован бил убиен во 2014 година. Властите се сомневаат дека и убиството на внукот е расчистување на стари долгови на српско-црногорското подземје.

 
 
31.10.2016 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега