Темна и тесна уличка - на ова место ќе беше ликвидиран српскиот премиер Вучиќ

Според пишувањата на српските медиуми, атентаторите на српскиот премиер Александар Вучиќ во последен момент се откажале од ликвидацијата. 

Полициски извори откриваат дека има премногу „случајности“ за да се верува дека автомобилот со тешко вооружување случајно бил оставен во близината на семејната куќа на премиерот во населбата Јајница во Белград.

Местото каде што требало да биде убиен е совршено за такво нешто. Тесна уличка, неосветлена и дел каде што автомобилот мора да прикочи. 

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека првичните анализи покажале дека три лица се замешани, но дека нема да откријат повеќе детали во интерес на истрагата.

 
 
01.11.2016 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега