Полицијата заплени 3 тони марихуана

Албанската полиција во градот Решен запленила три тони марихуана.

Во акцијата во која се уапсени и петнаесет лица, биле вклучени повеќе од 100 припадници на полицијата од Полицискиот комесаријат Лежа, како и на специјалната полициска единица за брза интервенција.

Веднаш по веста за запленетото рекордно количество марихуана, доцна попладнево, во кабинетот на премиерот Еди Рама се одржа средба на премиерот со акредитираните амбасадори во Тирана.

На средбата,која според порталот Албеу траела нешто повеќе од еден час, станало збор за „жешкото прашање-канабисот“.

По средбата, шро заврши пред малку, премиерот Рама на неговиот профил на фејсбук напиша: Полезна средба со пријатели, партнери, странски претставници во земјава,за успехот на полициската репресија и предизвик за елиминирање на канабисот“.

Шефот на албанската држава,Бујар Нишани, вчера искажа голема загирженост за состојбата со канабисот во земјата и најави седница на Национаниот совет за безбедност.

Но, Рама го иронизраше Нишани порачувајќи му дека „ би било доборо да го свика Националниот совет на Демократската партија“.

 
 
02.11.2016 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега