Бизарно самоубиство: Александар си го прободел окото со молив

Бизарно самоубиство се случило вчера во Земун, кога 40 годишниот Александар Н. во просториите Меѓунардното здружение за прифаќање и помош на лица со зависности, со молив си го прободел окото и на лице место починал.

Неговото тело било однесено на Институт за судска медицина за обдукција. Несреќниот човек дошол во просториите на Здружението и ништо не укажувало дека ќе крене рака на себе.

Меѓутоа, веројатно во нервно растројство во еден момент земал молив која стоела на масата и пред неколку луѓе се прободел во окото.

Докторите од Брза помош пробале да го реанимираат, но во тоа не успеале. Полицијата била на увид, а за е известен и надлежен обвинител.

 
 
02.11.2016 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега