Нови штрајкови ја тресат Грција

Вработените во приватниот сектор во Грција најавија 24-часовен генерален штрајк на 8 декември во знак на протест поради строгите владини мерки на штедење, пишува весникот „Катимерини“.

Одлуката за штрајкот е донесена од синдикалната организација ГСЕЕ, кој во своето соопштение предупредува дека ќе бидат искористени сите средства и можности со цел да се прекинат „криминалните“ мерки, кои водат кон сиромаштија.

Според синдикатот, луѓето ќе се борат против политиките, кои ги уништуваат општеството и економијата и тоа е единствената можност да се спречат строгите мерки за штедење, даночните давачки, социјални намалувања и уништување на осигурителните права на работниците

 
 
03.11.2016 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега