Тачи: Институциите добро функционираат

 

Косовскиот претседател,Хашим Тачи,во врска со изјавите  за предвремени парламентарни избори,вели дека има два начина Косово да оди на предвремени избори,но оти институциите добро функционираат.

Според него досега ниедна партија не доставила барање во неговата канцеларија за предвремени избори.

- Моментно од она што го гледам и разбирам,владеачкото мнозинство има моќ во смисла на бројот и политичка сила,и гледам дека институциите  добро функционираат. Но, на избори може да оди на два начина: доколку ова мнозинство ја изгуби силата во Собранието на Косово или во случај на меѓупартиски договор, изјави Тачи .

Тој нагласува дека како претседател е обврзан да ги реализира своите уставни и законски обврски.

Неодамна претседателот на косовскиот парламент и лидер на Демократската партија,Кадри Весели,изјави дека преверемените избори би ја донеле земјата во нормала,што веднаш беше поздравена од опозицијата.

Но, премиерот Иса Мустафа,кој е лидер на Демократскиот сојуз,рече дека коалицијата Демократска партија-Демократски сојуз функционира добро и како коалициски партнери никогаш не разговарале за предвремени избори.

- Институциите добро функцонираат и оваа влада ќе го заврши својот мандат а изјавата на Весели е погрешно интерпретирана,-рче Мустафа

 
 
03.11.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега