Малолетник со автомобил прегази 5 лица - повредени 4 средношколци и една жена

Малолетник (17) од Бор изгубил контрола над автомобилот марка „Сузуки“ и удрил во 5 лица, меѓу кои и две малолетни девојчиња, кои заедно стоеле на тротоарот.

Како што јавува Бета во случката која се случила пред основното училиште „ДУшан Радовиќ“ повредени се 4 средношколци, од кои две се малолетни и една жена.

Пешаците за среќа се надвор од животна опасност. Тие со возило на Брза помош веднаш се префрлани во Борската болница.

Директорот на болницата во Бор, каде повредените се пренесени, Горан Јоксимовиќ изјавил за агенцијата „Бета“ дека сеуште нема прецизни информации за случката.

 Малолетниот возач избегал од лице место, за подоцна да се врати во придружба со својот татко.

Како што дознаваат српските медиуми, тој положил за возачка пред само 6 месеци.

 

 

 

 

 
 
03.11.2016 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега