Земјотрес од 5,3 степени во Албанија

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала го погоди денеска северниот дел на Албанија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Потресот е регистриран малку по пет часот изутринава.

Епицентарот се наоѓал во градот Решен, во областа Љежа, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за повредени лица и причинета материјална штета.

Земјотресот бил почувствуван и во северозападните делови од Македонија. 

 
 
04.11.2016 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега