„Коха диторе“: Србите од северниот дел на Косово се закануваат со барикади

Претставници на општините од северниот дел на Косово, кои главно се населени со Срби, се заканија дека ќе ја прекинат соработката со Приштина доколку властите не го сменат односот кон нив, пишува весникот „Коха диторе“.

Весникот наведува дека претставници на општината Зубин Поток дури се заканиле и со поставување барикади и граѓанска непослушност, упатувајќи го последното предупредување до косовската Влада.

Главните проблеми на општинските претставници се поврзани околу постојаното намалување на фондовите за капитални инвестиции, опструирање на користењето на развојниот фонд за север и неисплаќање обврзници на поранешните членови на т.н. Цивилна заштита

 
 
04.11.2016 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега