Утринава тешка сообраќајна несреќа во Србија - едно лице го загуби животот а две се тешко повредени

На мостот Земун-Борча денес околу 10:30 часот дошло до тешка сообраќајна несреќа, во која возачот починал на лице место, додека две лица се тешко повредени.

Како што пренесува српски „Курир“, автомобил марка „Фиат пунто“ се забил во бандера, а едно лице останало заробено во автомобилот.

На терен се наоѓаат 2 екипи на противпожарна и Брза помош.

Увидот е во тек.

 

 

 

 
 
07.11.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега