Рецепционер го убил сопственикот на вилата поради љубомора

Во инцидент во саботата во вила во Нишка Бања загинал сопственикот на вилата, откако во него пукал рецепционерот.

Како што пишуваат српските медиуми, на убиството му претходела кавга околу девојката на рецепционерот, за која бил заинтересиран и сопственикот на вилата.

Рецепционерот испукал неколку куршуми во газдата, кој паднал мртов, а девојката избегала.

Убиецот се затворил во вилата, а потоа одекнале две шок бомби, по што напаѓачот бил извлечен на носилки.

 
 
07.11.2016 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега