По силниот дожд, метеоролозите предупредија на опасност од торнадо

Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија во Подгорица предупреди дека постои потенцијална можност за мало торнадо, истото што во неделата го погоди Рим.

Според прогнозите торнадо но со помала сила попладне може да зафати делови од Црна Гора.

Од Заводот посочуваат дека торнадото како појава е лоцирана за американскиот континент, а метеоролошката појава на овие простори се создава во помали физички облик и се нарекува морска пијавица.

Се работи за исклучително опасна метеоролошка појава која прави пустош на местата каде што поминува.

 
 
08.11.2016 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега