Поплави во Албанија, торнадо и се заканува на Црна Гора - невреме и во Македонија

Обилните дождови предизвикаа поплави и оштетија патишта на северот на Албанија, а се излеваат и реки во Црна Гора каде стотици куќи се во опасност, пишува Блиц.

Не е познато дали има повредени или настрадани во поплавите во Албанија – пренесува агенцијата АТА. Министерството за одбрана соопшти дека во областа Лежа на северот на земјата се испратени 30 војници, чест возила и чамци со кои се евакуирани 3 семејства.

Патишта, меѓу кои автопатот меѓу Тирана и Драч се блокирани, а многу села се отсечени. Два траекти со повеќе стотици патници во невремето успеале да стигнат на пристаниште во Валона и се наоѓаат на копно.

Во Црна Гора по обилните дождови кои паѓаат последните 48 часа најмалку стотина куќи се во опасност.

– Од коритото се изли Ловничка река и ги поплави куќите во Долна Ловница, огромна штета е причинета во Граховача од водената стихија која носи се пред себе – вели командирот на Службата за заштита и спасување, Нурадин Аговиќ, пишува Блиц.

Планинската река Бистрица однела дел од новиот пат кој од Беране води кон Јеловица а со патот е однесен и дел од новиот цевковод.

Поплавата откинала и дел од патот Колашин – Беране. Граѓаните се повикуваат да се јавуваат на телефонот на Службата за заштита и спасување.

Реката Лим поплавила населби во Беране, а се излила и реката Бистрица. Надојдена е и Зета во Никшиќ реката Тара.

Метеоролозите најавуваат дека силниот дожд и натаму ќе паѓа, а не се исклучува и можноста од вртлози на струи кои носат обилни дождови, слични на оние кои овие дена ја погодија Италија, пишува Блиц.

 
 
08.11.2016 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега