СЕКС СКАНДАЛ: Политичарка сексуално нападнала возач, а кога ја одбил, му средила отказ

Секс скандал ја тресе Владата на Србија. Како што пишува Ало, висока функционерка на Владата сексуално го вознемирувала својот возач кој не е именуван, а откако наводно повеќе пати ја одбил, младиот возач добил отказ.

Високата функционерка, која често се појавува во медиумите, сексуално му се нафрлувала на возачот, а кога ја одбил, му средила отказ, раскажал за Ало неименуван извор.

Според неговите зборови, возачот прво измислувал изговори надевајќи се дека жената ќе ја сфати пораката, но таа не се откажала.

Кога видел дека работите излегуваат од контрола, несреќниот шофер се обратил во кадровската служба и барал преместување од приватни причини. Меѓутоа, кога тоа стигнало до неговата шефица, таа побеснела, го стопирала преместувањето и му дала отказ.

 
 
08.11.2016 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега