Шокантна исповед на проститутка: Полицајците не тераат бесплатно да ги „обработиме“

Една хрватска проститутка излезе во јавност со неверојатно обвинување на сметка на локалните полицајци.

Имено, таа тврди дека кога ќе ја фатат на дело мора бесплатно да ги „обработи“ ако не сака да ја пикнат во затвор.

Таа бара легализација на проституцијата во Хрватска, зошто тогаш не би морала да се грижи дека ќе и дојде полицаец и ќе ја уценува, односно ќе бара бесплатна услуга за наводна заштита.

Таа додава дека не гледа никаков проблем во тоа што го работи „зошто сум сексуално битие и не ја поврзувам работата со љубовта“.

Вели дека на клиентите и на колегите најмногу им замерува поради лицемерието.

-Има многу, многу луѓе што ова го нарекуваат спорт. Одењето кај проститутка го нарекуваа спорт и потоа велат – долго се бавам со тој спорт. Ја решив оваа, онаа, оваа ја одработив – тоа е лошо, а има многу такви. Што е најлошо, тогаш тие таквите што долго се бават со тој спорт и кои тоа го решаваат имаат најлоши зборови за девојките чии услуги користат. Тоа е толку лицемерно и толку бедно, вели оваа девојка за порталот Индекс.хр.

 
 
08.11.2016 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега