Македонски Телеком и HTC го претставија систем за виртуелна реалност –HTC Vive

Македонски Телеком и компанијата HTC денеска го претставија револуционерниот интерактивен VR систем- HTC Vive, овозможувајќи им на корисниците да доживеат неверојатно искуство на виртуелна реалност. Посетителите во Телеком Иновативниот центар имаа уникатна можност да ја пробаат најновата верзија на VR системот на HTC, кој што обезбедува уникатно искуство на виртуелна реалност, односно свет во кој единственото ограничување е човековата имагинација. Како револуционерно достигнување, HTC Vive системот е победник во категоријата на VR уреди на Асоцијацијата EISA (European Imaging and Sound Association) за 2016-2017 година, којашто ги оценува квалитетот и иновативноста на производите од електроника за широка потрошувачка.

-Македонски Телеком како технолошки лидер на пазарот постојано ги следи светските достигнувања и на корисниците им овозможува врвни иновативни искуства, со воведувaње на револуционерни услуги и уреди. Посебно нè радува што во соработка со HTC, нашите корисници денеска имаат можност први да го испробаат најновиот VR уред, кој што дефинитивно го менува начинот на комуникација и интеракција со светот. Веруваме дека VR системот на HTC, кој што е единствен по своите перформанси, освен за забава ќе најде поширока примена во секојдневниот живот и во различни деловни области - изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и Корпоративни комуникации во Македонски Телеком. 

HTC Vive овозможува потполна контрола на движењето на корисникот во просторот од 360 степени, истражување на предметите од сите нивни страни и потполна интеракција со околината, поставувајќи притоа нов стандард во креирањето на инспиративна виртуелна реалност. Секоја поединечна компонента од новиот уред HTC Vive Pre е комплетно редизајнирана за да обезбеди поголема удобност, ергономија и перформанси. Со овие клучни подобрувања, HTC го потврди своето ветување, при најавата на уредот минатата година, за создавање на фасцинантни искуства коишто го менуваат начинот на кој комуницираме, се забавуваме, учиме и се обучуваме.

HTC Vive нуди комплетна опрема за виртуелна реалност, која вклучува сет од две безжични контролни палки, собни сензори за движење и визир (кацига) со вградена камера и телефон. Опремата овозможува и т.н. хибридна реалност, која отвора нов свет на можности, при што корисниците можат да примаат и да одговараат на пропуштените телефонски повици, да читаат пораки, да праќаат брзи одговори и да го проверуваат својот календар директно преку ВР кацигата.

Освен за забава, најновиот HTC Vive Pre се очекува да стане применлива алатка во деловниот свет, односно да најде поширока употреба во науката, образованието, медицината, туризмот, инженерството, креативните индустрии итн.

Корисниците на Македонски Телеком коишто сакаат да го истражат виртуелниот свет, можат да закажат сопствена HTC Vive авантура во Телеком Иновативниот центар на www.telekom.mk/HTCVive

 
 
14.11.2016 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега