Неколку делови од Скопје утре без вода

Утре, од 10 до 15:30 часот, без вода ќе останат корисниците од вилите „Водно“ 2 и 3 во општина Центар, како и детската болница „Козле“, ул. „Ловќенска“ со краците 3, 5, 7, 9, 11 и 13 и дел од ул.„Караорман“ во  општина Карпош.

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок на ул. „Ацо Караманов“ бб, кај резиденцијалните објекти  Водно 2 и 3, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

 
 
14.11.2016 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега