Важни вести за утре за возачите во Скопје

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека од утре 15.11.2016 вторник, па се до 21.11.2016 понеделник, од 08-22 часот, поради градежни работи на улицата Московска, со посебна сообраќајна сигнализација  ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим на дел од коловозот на двете сообраќајни ленти од улицата и тоа во насока на движење од крстосницата со булевар Митрополит Теодосиј Гологанов кон булевар Партизански одреди.

Времениот сообраќаен режим на овој дел од трасата ќе важи до завршување на градежните активности.

 
 
14.11.2016 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега