Бизнисмен од Чаир должи 10 милиони евра: Ова се најголемите должници во Македонија
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници број11 за оваа година за долгови доспеани до 31.07.2016 и неплатени до 31.10.2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се физички лица и самостојни вршители на дејност кои до крајниот рок направиле долг повисок од 120.000 денари, како и правни лица кои вкупно должат најмалку 300.000 денари. .
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
На оваа најнова листа на УЈП има вкупно 4.903 должници, меѓу кои голем дел “повторувачи”, но и јавни претпријатија и општински комунални фирми.
Комплетната листа на должници може да се погледне тука.
14.11.2016 - 19:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа