Македонските полицајци наскоро ќе Ве гонат со „фиќовци“

Македонската полиција купува нови возила. Како што информира МВР веќе е распишан јавниот оглас за набавка на 100 нови полициски возила. Според условите во огласот, полицијата сега бара мали и економични возила. Импортерите на автомобили кои ќе сакаат да учествуваатна конкурсот, ќе треба да обезбедат возила со работна зафатнина на моторот меѓу 900 и 1100 кубни сантиметри. Возилата, исто како и полициските Јети ќе треба да бидат во целосна полициска изведба, односно да бидат обоени во полициски бои и да имаат поставено ротациски светла како и комплетна опрема што ќе овозможи секојдневна полициска употреба како и да имаат 4 или 5 врати
Рокот за прибирање на понудите истекува на 5 јуни, а од МВР велат дека единствен критериум за избор на најдобрата понуда ќе биде цената. Од сите компании кои ќе учествуваат на конкурсот најдобрата понуда ќе биде избрана по пат на електронска јавна негативна аукција.
Од МВР велат дека им се потребни возила кои трошат малку гориво за да се намалат трошоците во полицијата

најчитано сега