Прилепскиот комбинат откупува тутун на сите пунктови, исплатата за седум дена

Прилепскиот комбинат веќе презема 70 тони тутун од договорените 3.000 со вкупно 4.000 кооперанти. Како што информира денеска генералниот директор Александар Дерменџиев, откупот почна во најдобар ред, а исплатата ќе биде за седум дена.
 
Просечната цена е повеќе од 190 денари.
 
- Откупот се одвива во најдобар ред. Прво почнавме на пунктот во градот, а од денеска се отворени и сите останати во регионот. Има голема побарувачка и, за да бидеме конкурентни, иако имаме простор во рок од 30 дена, исплатата ќе ја реализираме за седум дена од преземањето на родот, изјави Дерменџиев.
 
Според него, по воспоставената соработка со Филип Морис, состојбата во компанијата се стабилизира. Се зголемува обемот на производството, а со завршната сметка во 2015 година првпат се покажа добивка.
 
- Позитивни беа билансите во јуни и во септември. Моментно имаме околу 420 вработени. Комбинатот е пред реорганизација и ќе се укинуваат досегашните доели „Тутун“ и „Цигари“, а ќе остане компанијата само како „Акционерско друштво Тутунски комбинат“, рече Дерменџиев. 
 
Официјалната реорганизација, најави, ќе биде по 28 ноември за кога е закажано акционерското собрание. 
 
 
23.11.2016 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега