Земаш пари каде и да си! Веќе и преку Facebook!

Поради зголемување на интересот за брзото кредитирање, Кредисимо им дава можност на своите корисници да земат пари на време без да излегуваат надвор од омилената социјална мрежа.

 Социјалните мрежи имаат се поголемо значење за современиот човек и се неделив дел од секојдневието. Статистичките податоци покажуваат дека имаме просечно над 5 профили на различни социјални платформи, со тоа што Facebook сеуште е претпочитано место за комуникација.

 Над 1 милион луѓе во Македонија имаат профили на Facebook каде што компаниите со индивидуален пристап кон корисниците добиваат повратна врска од нив на фан страниците во оваа социјална мрежа, благодарение на што ги подобруваат своите производи и услуги. Меѓутоа социјалните мрежи не се само канал за комуникација. Втората најчеста причина за посетување на овие сајтови е барањето на информации за фирми и производи, а 46% од нас исто така и пазаруваат преку социјалните медиуми.

 Следејќи ги трендовите, Кредисимо прави уште еден чекор напред во грижата за корисниците. За само два месеци на пазарот, компанијата добива се повеќе доверба со својот иновативен пристап и флексибилни решенија за секој корисник. Во потрага по подобри услуги и стимулирани од зголемениот интерес за брзите кредити, ФД Кредисимо сега е уште поблиску до своите клиенти, нудејќи им можност да земат кредит брзо и лесно – со само неколку кликови преку нивната омилена социјална мрежа.

 Само со ФД Кредисимо може да земете до 40 000 денари за неколку минути, каде и да сте – само кликнете на специјалниот таб на нивната Facebook страница.

Компанијата е популарна по тоа што корисниците можат да аплицираат за износ во секое време од деноноќието, 7 дена во неделата. Луѓето само ја определуваат сумата која им е потребна, а според сопствените можности ја одредуваат висината на месечните рати и датумот на исплата кој е удобен за нив. Можат исто така и да го исплатат целиот износ на заемот без казнени такси.

 Дополнително, процесот на земање кредит е исклучително едноставен и лесен – целосно онлајн, само во три лесни чекори:

1)   

Клик на табот “Аплицирај” и пополнување на барањето на Facebook

2)   

Одобрување за минути

3)   

Парите се префрлени на вашата банкарска сметка

 Доколку ви требаат пари, Кредисимо е до вас – пари на време, за минути, од секоја точка на Македонија. Уверете се сами!

 
 
28.11.2016 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега