ВИДЕО: Жена загина, петмина повредени при експлозија во сендвичара во Атина

Една жена загина, а пет други лица се повредени претпладнево при експлозија по која избувнал пожар во ресторан за брза храна на плоштадот Викторија во центарот на Атина.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во гаснењето на пожарот учествуваат 20 пожарникари со осум противпожарни возила.

Полицијата го болкираше реонот околу местото на експлозијата, коха предизвика оштетување на околните продавници и куќи, како и на паркираните автомобили и мотоцикли.

Експлозијата најверојатно претставува несреќен случај, предизвикан од истекување на пропан. 

 
 
01.12.2016 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега