ФОТО: Додека неговите врсници седат по кафулиња - Дејан го направил ова!

Додека голем дел од неговите врсници забавата ја бараат во кафичите и дискотеките, 20-годишниот Дејан Митриќ со своите вредни раце изградил мала фарма во селото Чулиќ општина Шипово, а планира и да ја прошири.Тој неуморно работи и времето речиси никогаш не го троши за забава, но трудот му се исплател.

Ова вредно момче, по завршувањето на средното образование, се вратило во Шипово на имотот на неговиот дедо и тука одлучил да живее, а поради љубовта кон селото, ништо не му фали и ништо не му е тешко, па така станува секое утро во 5 за да ги нахрани животните и да спреми околу 50 литри млеко за млекарите.

-Од кога знам за себе цело време одев со дедоми и работев што можев, ништо не ми претставуваше проблем. Како растев купував разни животни, а кога дојде време да одам во град, бев многу тажен, раскажува Дејан, додавајќи дека како растел љубовта му била се поголема.

-Никогаш не го сакав градот, едвај чекав да дојде викенд, зимски или летен распуст да одам во село. Понекогаш и сам се прашувам дали е нормлано сите мои врсници да излегуваат во кафичи и дискотеки додека јас незнам сеуште како тие изгледаат. Но таа желба за мене е поголема од се, и среќен сум што мојот дедо ми го овозможил тоа, раскажува Дејан.

-Во град искрено не планирам да се вратам. Некои ми велат дека тука никогаш нема да се оженам, но имам своја цел па макар и да сум сам. Девојката која ќе ме сака ќе ме сака и тука во село, завршува тој.

 

 
 
 
01.12.2016 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега