Ина Многуфина: Јавно се заблагодарувам на Град Скопје и Градоначалникот Коце за брзата интервенција и садење на нови дрва на Рузвелтова

Влијателната Твитерџика Ина Многуфина на својот Фејсбук профил му се заблагодари на Град Скопје и на градоначалникот Коце Трајановски за брзата интервенција на садење две нови костени на местото каде беше исечено дрво на Рузвелтова.

Помогнете на општината или градот да го дознаат проблемот, не чекајте сами да го најдат, советува Ина Многуфина.

-Утрово, ме будат соседи на врата и ми викаат дојди пред зградите напред…екипа пратена од Град Скопје садат два нови костени во дрворедот! Добивме две дрва, ги пополнија дупките во дрворедот, пресреќни сме! Имаме пак дрворед кој ќе биде зелен долж целата улица!!!! Затоа сакам јавно да се заблагодарам на Град Скопје и Градоначалникот Коце за брзата интервенција, напиша таа на Фејсбук.

 

ina1

ina3

 
 
03.12.2016 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега