Хуманитарна акција „За детската среќа не треба многу“

ТЦ Рамстор во соработка со Црвен Крст на град Скопје традиционално организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства наречена како „Волшебна новогодишна елка“.

Овие деца вчера ги искажаа своите желби на ливчиња во форма на лампиони кои ги закачија на волшебната елка поставена во овој трговски центар.

Посетителите на центарот ќе можат да ја покажат својата хумана страна и да исполнат барем една детска желба, напишана и закачена на елката.

Акцијата трае до 27 декември кога и подароците ќе бидат доделени на среќните дечиња. 

 
 
06.12.2016 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега