ХОРОР: Девојче киднапирано и силувано, па фрлено покрај гробишта

Двајца непознати мажи завчера во Србија  киднапирале 15-годишно девојче, по бруталното тепање девојчето го исфрлиле од автомобилот. 
Девојчето било пронајдено на улица од случаен минувач, по што случајот веднаш бил пријавен во полиција. 

Малолетничката собрача сила за српски Курир да раскаже низ каква драма минала таа. 

- Тргнав до кај соседите по пари за да одам до продавница. На улица застана сив „фијат пунто’ со затемнети прозори и еден маж ме праша дали сакам да се запознаеме. Почнав да трчам, но тој ја отвори задната врата и ме пикна во автомобилот, а потоа почна да ме допира, зборува 15-годишната девојка. 

Полицијата интензивно трага по непознатите мажи кои се осомничат за киднапирање и за силување. 

 
 
06.12.2016 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега