Се разведе познатата пејачка чии песни секојдневно ги пееме

Пејачката Селма Бајрами вчера во Виена официјално се разведе од Муја Мушиќ, по две години макотрпна битка.

Пејачката Селма Бајрами во изминатиот период претрпела големи стресови. Поранешниот сопруг не и дозволувал да го гледа детето, а на почетокот на годината имала и операција која е успешно завршена.

Селма порано открила дека одлучила да го оконча бракот бидејќи не сака да трпи психичка и физичка тортура.

Меѓутоа, пеколот следел бидејќи Мушиќ ја уценувал за да му плати 100.000 евра за да се разведат, дури и своите пријатели ги праќал на нејзина адреса.

Босанската пејачка сега конечно може да одмори и да се посвети на синот Дарис (3), неговото растење, но и кариерата.

 

 

 
 
06.12.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега