Го удрил на пешачки и избегал: Маж итно префрлен во болница се бори за живот

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Нови Сад го уапсиле Ж.М. (39) осомничен за тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај и не давање  на помош на повреден во сообраќајна несреќа.

Тој се терети дека удрил пешак (59) на обележан пешачки премин, и му нанел тешки телесни повреди опасни по живот и избегал од лице место, не давајќи му помош.

Со полициска акција тој веднаш бил пронајден и одреден му е притвор од 48 часа, по одобрение на Јавното обвинителство.

По сослушувањето, судијата за претходната постапка му одредила притвор од 30 дена.

 

 

 
 
06.12.2016 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега