Десетмина повредени синоќа на скопските улици

Десет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и шест возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или користеле мобилен телефон. Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 57 возила.

 
 
13.12.2016 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега