Албанки и Бугарки нелегално работеле во локал во Тетово

Вчера при извршена контрола во Ориентал АС во тетовско, управувано од страна на 24-годишниот Х.А. од Боговиње, се пронајдени странски државјани кои нелегално работеле.

Од извршената контрола, при влегувањето во локалот била затекната и приведена една бугарска државјанка. Во истото време била извршена и контрола во УО „Ловец“ лоциран во село Жеровјане, управуван од  страна на 41-годишниот Ш.А. од село М.Речица. Од извршената контрола, при влегувањето во локалот биле затекнати и приведени седум албански државјанки. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

најчитано сега