Драстично промени - времето утре ќе биде...

 

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус три, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе се искачи до пет степени.

За време на викендот и во понеделник изутрина времето ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала облачност и со пораст на дневната температура. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува почнувајќи од западните делови и до крајот на работната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег. 

 
 
16.12.2016 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега