Со „Македонија вработува 2“ во дебарско 60 нови вработувања

Во општините Дебар и Центар Жупа со проектот „Македонија вработува 2“ реализирани се 60 нови вработувања.

- Од крајот на јули кога стартуваше проектот како „Македонија вработува 2“ остварени се 60 нови директни вработувања, што, ако се има во предвид дека станува збор за две мали општини тоа се повеќе од задоволителни резултати. Нововработените се од сите пет целни групи, изјави за МИА, Афет Авмедонски, раководител на дебарскиот Центар за вработување, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.

Според него меѓу невработените лица и претприемачите владее голем интерес за поволностите кои ги нуди проектот, па се очекува до крајот на годинава да бидат остварени уште најмалку дваесет нови вработувања.

Со „Македонија вработува еден“ во периодот од април 2015 до април 2016 беа остварени 306 директни вработувања.

Повеќе од задоволителен е и интересот кај невработените и за мерката самовработување со неповратен грант, кого во просек годишно го користат од 30 до 40 лица.

Благодарение на мерките од Оперативниот план на Владата за потикнување на вработувањето, видно е намален бројот на лицата кои се во евиденцијата на невработени.

Авмедоски посочува дека со активните мерки на Владата од 2006 година во општина Дебар бројот на вработените од 1.972 се зголемил на 3.226, додека во Центар Жупа од 135 на 267.

Заради поблиску информирање на целните групи Центарот редовно одржува средби во работниот клуб,каде детално се објаснуваат поволностите од сите активни мерки. 

 
 
19.12.2016 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега