МЗШВ: Нема пречки во увозот на земјоделски производи од Албанија

По информациите во медиумите дека има застој во увозот на земјоделски производи од Албанија во Македонија денеска македонското Министерство за земјоделство соопшти дека нема никакви пречки во увозот.

Министерството информира дека министерот Михаил Цветков и државниот секретар Бесир Јашари стапиле во телефонски разговор со албанскиот министер за земјоделство Едмонд Панарити при што е констатирано дека во моментот нема никакви пречки, ниту блокада на земјоделски производи од Албанија во Македонија.

Оттаму истакнуваат дека увозот се одвива редовно по извршување на потребните фитосанитарни анализи.

Албанските медиуми пренесоа дека македонските власти забраниле влез на поголема количина зеленчук со образложение дека се потребни фитосанитарни анализи. Весниците ја пренесуваат и изјавата на албанскиот министер Панарити, според кого вчера на граница биле блокирани два камиони со зеленчук во вредност од 25 илјади евра.

 
 
20.12.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега